Мирчевски се врати во Беласица, струмичани од денеска во Дојран

Повремениот младински репрезентативец на Македонија, Мартин Мирчевски повторно се врати во својата Беласица.

По минатогодишната „екскурзија“ во косовскиот прволигаш Трепча, 21-годишниот фудбалер од средниот ред се врати во Беласица за пролетниот дел од шампионатот.

Беласица од денеска, под водство на старо-новиот тренер Раде Цицмиловиќ, е на подготовки во Нов Дојран, во спортскиот центар „Истатов“ каде ќе се работи до среда, по што од 24. јануари се заминува на подготовки во Анталија. Престојот во Турција ќе биде искористен и за одигрување неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...