Мирчевски со деби гол донесе реми за ТСЦ Бачка Топола во 97. минута (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски го постигна својот прв гол во дресот на ТСЦ Бачка Топола во српскиот шампионат, откако во јануари реализираше свој прв интернационален трансфер.

Мирчевски со гол  во 97. минута донесе реми (1-1) за ТСЦ на гостувањето против Чукарички во крајно лудо завршница. Офанзивецот најдобро се снајде пред голот на домашните кога со тело од неколку метри реагираше во последните секунди, спасувајќи го својот тим од пораз. Претходно, во истата акција ТСЦ промаши пенал.

Македонскиот фудбалер во игра влезе во второто полувреме, па на крајот беше таличен за својот тим.


Се вчитува...