Мирчевски стрелец во триумфот на ТСЦ Бачка Топола

Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски со погодок партиципираше во триумфот од 2-3 на ТСЦ Бачка Топола на гостувањето против Чукарички во 31. коло од плеј-оф разигрувањето во шампионатот на Србија.

Мирчевски погоди во 36. минута за водство од 0-1 на ТСЦ, но и покрај тоа што неговиот тим во два наврати имаше предност, Чукарички со двата гола на Ракоњац израмнуваше се до 93. минута кога ТСЦ со голот на Џаковац дојде до победата од 2-3.

За Мирчевски ова е втор гол сезонава по доаѓањето во редовите на српскиот прволигаш.

Се вчитува...