Македонскиот фудбалски интернационалец Мартин Мирчевски беше стрелец за својата Бачка Топола во ремито 1-1 против Сараево.
Поранешниот фудбалер на Академија Пандев донесе водство за својот тим од 1-0 уште во 12. минута од натпреварот. Српскиот прволигаш успеа да ја задржи предноста се до 77. минута кога конечните 1-1 ги постави Суљич.
За Мирчевски ова е прв погодок на стартот на подготовките за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА