Мирко Ивановски и Ферхан Хасани стрелаа во Унгарија и во Финска

Македонските интернационалци постигнуваа голови за своите клубови во Унгарија и во Финска. Мирко Ивановски беше стрелец на водечкиот гол за Диосѓер на мечот против Пакс (2-0) во унгарскиот шампионат. Тој успеа да погоди во 28.минута, а беше заменет на петнаесетина минути пред крајот, по што неговиот тим постигна и втор погодок.

Ферхан Хасани се запиша во листата на стрелците за Хелсинки во триумфот од 3-1 над Мариехам во Купот на Финска. Тој беше стрелец на третиот гол за Хелсинки во 90.минута.

Се вчитува...