Мирко Ивановски му донесе победа на Славен Белупо

Славен Белупо ја забележа втората победа во низа во хрватскиот шампионат, триумфирајќи на гостувањето против Интер Запрешич со 0-1.

Човек на одлуката беше македонскиот голгетер Мирко Ивановски, кој се најде на вистинско место во вистинско време и со прецизен удар од пет-шест метри го совлада домашниот голман, носејќи му три бода на Славен.

Се вчитува...