Мирко Ивановски потпишува за Хајдук Сплит

Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски е на чекор до „Пољуд“, информираат хрватските медиуми. Тој одбил да го продолжи договорот со Славен Белупо и до крајот на денот можно е да потпише договор со Хајдук Сплит. Речиси се е договорено за овој трансфер, а останува фудбалерот да ги мине медицинските прегледи пред да пристигне и конечната потврда.

Мирко Ивановски се поврзуваше со заминување во Динамо Москва, беше на радарот на Џенова, се најавуваше и можен трансфер во Холандија и во Израел, но речиси сигурно ќе остане во Хрватска, но ќе го носи дресот на Хајдук Сплит.

Се вчитува...