Мирко Ивановски потпишува за Петролул

Мирко Ивановски дефинитивно го напушта Динамо Букурешт, кој не успеа да обезбеди прволигашки статус. Веќе е познато дека поранешниот македонски репрезентативец ќе продолжи во Петролул.

Ивановски веќе се договорил со новиот клуб и ќе заработува 6.000 евра месечно, пишува романски „Дигиспорт“. За него имало интерес и од неколку други клубови, но на крајот се одлучил за Петролул.

Во минатото покрај Динамо, во Романија Ивановски играше и за Клуж и Астра. Беше дел од Диосѓер, сплитски Хајдук, Славен Белупо, Болуспор, Видеотон, а беше дел од Арка и Славија Прага. Во Македонија играше за Македонија ЃП и Пелистер.

Се вчитува...