Мирко Ивановски претставен како ново засилување на Хајдук Сплит

Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски и официјално е нов фудбалер на хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Тој по одличните игри во дресот на Славен Белупо, доби понуда од сплитските „били“ која не можеше да ја одбие.

„Неописливо е чувството да се потпише за Хајдук Сплит, пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и едвај чекам да почнат натпреварите за да можам да дадам се од себе и да покажам дека ја заслужувам довербата која ми е укажана. Знам дека во Хајдук секогаш очекувањата се големи, но такви се и моите лични очекувања, па се надевам дека сите заедно следната сезона ќе направиме добра работа“, изјави Мирко Ивановски по потпишувањето на договорот.

Тој за Славен Белупо во две сезони постигна 27 гола на 66 натпревари. Претходно играше за Македонија ЃП, Арка Гдиња, романските клубови Астра и Клуж, унгарскиот Видеотон, како и турскиот Болуспор.

Мирко Ивановски има 27 настапи за А-репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...