Мирко Ивановски со гол и асистенција за триумф на Динамо Букурешт (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски е еден од најзаслужните за синоќешната убедлива победа на Динамо Букурешт против Газ Метан од 4-0 во романскиот шампионат.

Ивановски најпрво во 21. минута донесе водство од 1-0 за својот тим, а потоа во 77. минута асистираше и за крајната победа од 4-0.

Динамо Букурешт се бори за опстанок во најсилниот романски шампионат, останувајќи и со оваа победа на претпоследната позиција на табелата.

Се вчитува...