Мирко Ивановски со невоoбичаена изјава: „Се чувствувам како да сум мртов“

Поранешниот репрезентативец на Македонија, и сега член на Динамо Букурешт, Мирко Ивановски вчера играше 92 минути за неговиот тим во „ремито“ против Арад. Натпреварот заврши без голови, и покрај тоа што тимот на Ивановски играше и со два играчи помалку во последните 30 минути.

После натпреварот во изјава, Ивановски рече дека „се чувствува мртов“ затоа што во текот на целиот натпревар играл на сите позиции, освен голманската.

„Се чувствувам како да сум мртов. Беше тежок натпревар за нас. Во секој натпревар добиваме црвен картон, играме секогаш со играч или двајца играчи помалку. Покажавме карактер дека можеме да дојдеме и до бод со двајца итграчи помалку. Кога го видов вториот црвениот картон, реков не е можно. Покажавме дека во фудбалот се е можно. Овој бод ни значи многу. Немаме лесен меч, освен голман одиграв на сите позиции“, рече Ивановски.

Се вчитува...