Мирко Ивановски со нов трансфер во Романија

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски си обезбеди нов интернационален трансфер, откако ги договори условите за соработка со Динамо Букурешт.

Овој трансфер претставува камбек на Ивановски во романското првенство, откако претходно ги бранеше боите на Астра и на Клуж, во периодот од 2012 до 2014 година.

Искусниот 31-годишен напаѓач претходно настапуваше за Диосѓер во унгарското првенство, клуб за кој постигна девет погодоци. Мирко Ивановски својата кариера ја почна носејќи го дресот на Пелистер, по што играше и за Македонија ЃП, Славија Прага (Чешка), Арка Гдиња (Полска), Видеотон (Унгарија), Болуспор (Турција), Славен Белупо, Хајдук Сплит (Хрватска) и ДВТК (Унгарија).

Се вчитува...