Мирко Радовиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер и во следната сезона ќе може да смета на услугите на Мирко Радовиќ, откако десното крило на црногорската репрезентација го продолжи договорот и за сезоната 2021/22 со битолскиот суперлигаш.

Триесетгодишниот Радовиќ веќе три сезони е во Битола, а покрај искуствата во Будуќност Подгорица и Ловќен, настапувал и во Унгарија и Франција. Радовиќ собра 51 настап за црногорската репрезентација, а се квалификува и за Европското првенство во 2022 година.

Се вчитува...