Миркуловски дебитираше со победа против Кузмановски на клупата на Вецлар

Филип Миркуловски дебитираше на клупата на Вецлар со победа од 23-26 во натпреварот од 14. коло во Бундеслигата против Хановер на нашиот Филип Кузмановски.

Гостите предводени од Македонецот имаа контрола на мечот од првата до последната минута и сосема заслужено стигнаа до победата број четири.

Македонскиот интернационалец во редовите на Хановер постигна два гола од три обиди за својот тим.

Хановер и Кузмановски излез од серијата на два натпревара без победа ќе бараат против Хам во 15. коло, додека Вецлар и Миркуловски ги очекува тежок натпревар против фаворизираниот Кил.

Се вчитува...