Миркуловски и Вецлар сигурни на стартот, Фленсбург шокатно елиминиран во Купот на Германија

Филип Миркуловски и Вецлар стигнаа до сигурен триумф на стартот на ракометниот Куп на Германија, откако без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај второлигашот Ејзенах со 25-29.

Домаќините беа достоен противник само во првиот дел кој го добија со минимални 14-13. Сепак, во второто полувреме Вецлар ја покажа разликата во класа и на крајот стигна и до лесен триумф од 25-29. Филип Миркуловски не се запиша во листата на стрелци на овој меч.

Шокантна елиминација од Купот на Германија доживеа Фленсбург кој загуби од Ерланген со 29-26. Ова е првпат од сезоната 2005/2006 еден од најголемите германски тимови да не успеа да се пласира меѓу шеснаесетте најдобри во националниот куп.

Се вчитува...