Миркуловски: Има нешто што не се тренира – душа и срце

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Филип Миркуловски се врати од репрезентативна пензија за да помогне на оваа подмладена репрезентација. Искусниот бек не ја криеше разочараноста по денешниот пораз во кој Македонија целосно потфрли.

„Многу сме разочарани од она што го покажавме на теренот и од резултатот. Факт е дека сме поквалитетни од Црна Гора, ноа фаворитите не победуваат секогаш. На европско првенство не се победува со одење и со стоење на терен. Можам да кажам дека во изминатиот период трениравме добро, но има нешто што не може да се тренира – тоа се душа и срце на терен. Искрено ми е жал, неиграњето на Стоилов никако не може да биде оправдување за она што го прикажавме денеска“, истакна Миркуловски.

Се вчитува...