Миркуловски не се откажува: Ќе играм и на баражите, само да сум здрав…

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Филип Миркуловски ја скрати репрезентативната пензија за да му помогне на националниот тим и со своето искуство да даде придонес на овој европски шампионат.

Големиот борец ќе настапи вечерва против Данска, но овој натпревар речиси сигурно нема да биде и последен за Миркуловски во репрезентативниот дрес.

„Моја желба е да настапувам и во наредните месеци. Планот е да играм и на баражите, само да сум здрав“, изјави Миркуловски од Дебрецин.

Македонија по освоеното последно место во групата во Дебрецин ќе мора да игра две бараж рунди за СП 2023, со што значително се компликува патот до наредниот ракометен мундијал. Се очекува покрај Миркуловски, во составот за овие бараж дуели да се најде и Кире Лазаров, кој поради повреда не настапи на овој европски шампионат.

Се вчитува...