Миркуловски: Одигравме лошо со многу технички грешки, но целта е остварена

ЕКИПА во Букурешт,
Стеван Цаневски

Искусниот репрезентативец Филип Миркуловски, даде свој коментар за натпреварот со Романија. Тој не е задоволен од играта, вели дека Македонија направила многу технички грешки.

„Слично беше како во 2019 година, дојдовме со осум разлика тука, но не дојдовме да браниме. Меѓутоа сметам дека одигравме лошо, со многу технички грешки. Тешко се победува која било репрезентација со волку многу грешки. Првата цел е остварена, одиме на Чешка во април, тоа е важно што ќе имаме шанса да одиме на Светско првенство.“, рече Миркуловски.

Тој истакна дека задачата против Чешка ќе биде тешка.

„Романија не беше наивен противник, доста се подготвувавме, добра репрезентација, но се изборивме за тој бараж. Чешка е слична репрезентација на нас. Искусен тим, со играчи кои играат во Германија. Тешка ќе биде задачата но мора да ја исполниме нашата цел“, вели Миркуловски.

Се вчитува...