Миркуловски: Подготвени сме и физички и тактички, ќе дадеме се од себе за изненадување со Словенија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Филип Миркуловски ќе го игра своето последно големо натпреваарување во репрезентативниот дрес. Големиот борец е подготвен за беспоштедна битка со Словенците утре во Дебрецин, иако фаворитската улога свесно му ја препушта на противникот.

„Релативно касно се приклучив на подготовките, но ме радува што гледам дека сите се максимално подготвени за она што не очекува во наредните денови. Имаме проблеми со коронавирусот, но во ростерот имаме доволно квалитетни играчи за во добро светло да се покажеме на овој шампионат. Верувам дека физички и тактички сме подготвени, ќе дадеме се од себе за да приредиме изненадување во првото коло. „Словенија е апсолутен фаворит, има играчи кои настапуваат за врвни клубови, оваа селекција има добри резултати на последните големи натпреварувања. Сепак, ние сигурно нема да се предадеме“, истакна Миркуловски.

Се вчитува...