Миркуловски повреден, го пропушти дуелот со Фленсбург

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски не беше во составот на Вецлар на дуелот со Фленсбург на кој лидерот во Бундеслигата славеше минимална победа со 30-29.

Според информацијата објавена на официјалниот сајт на Вецлар, отсуството на Миркуловски е поради повреда на препоните. Во составот на Вецлар на овој меч поради повреда не настапија и Штефан Кнер и Александер Херман. Но, Вецлар сепак, успеа да му пружи силен отпор и до крај на натпеварот да биде во егал со домашниот тим кој ја обезбеди победата дури во последните секунди.

Се вчитува...