Миркуловски прослави нова победа со Вецлар

Филип Миркуловски со тимот на Вецлар славеше победа на домашен терен против Ерлаген со 30-20 (14-12), во натпреварот од 31.коло во Бундес – лигата.

Македонскиот репрезентативец постигна еден гол и додаде четири асистенции во победата на својот тим. Во составот на Вецлар најефикасни беа Каспер Квист и Филип Вебер со по осум погодоци.

За тимот на Вецлар ова беше 19.победа сезонава со која се зацврстува на 6.позиција на бундеслигашката табела. До крајот на првенството во Германија остануваат уште три кола. Вецлар прво му гостува на Лемго, а потоа ја завршува сезоната со два тешки дуели со двете водечки екипи на табелата, на домашен терен го пречекува Рајн Некар Левен, а во последното коло му гостува на Фленсбург.

Се вчитува...