Миркуловски: Слушам приказни за светла иднина, но ќе биде тешко без Кире…

Филип Миркуловски долги години со огромен успех го носеше репрезентативниот дрес, а по неговото повлекување од репрезентацијата зачестија и разочарувачките резултати на големите натпреварувања. Елиминациите во првата фаза од СП 2019 и од ЕП 2020 покажаа дека помладувањето во националниот тим ќе оди многу потешко од очекувањата, а Миркуловски смета дека тешките денови за националниот тим допрва доаѓаат.

„Во последниот период слушнав многу приказни за светлата иднина, како ќе го одржиме континуитетот од настапи на европските и на светските шампионати, но не верувам во тоа. Кога Кире Лазаров ќе се повлече, пласманот на големите натпреварувања ќе биде уште потежок, згора на тоа ќе има и нов систем на квалификации за СП. Сите се надеваме на најдобро, но реалноста не е таква. Немаме опција на десен бек, играч што веднаш би го заменил Лазаров, па во следните три-четири години ќе мораме да се потпреме само на Талески и на Кузмановски. Во таква ситуација ќе биде исклучтелно тешко да се оствари позначаен резултат“, истакна Миркуловски во интервју за „Балкан Хендбол“.

Искусниот бек и следната сезона ќе ја мине во Вецлар, но со многу повеќе задачи како помошен тренер отколку како играч, пред и официјално да му каже збогум на ракометот.

Се вчитува...