Миркуловски тргна триумфално во Бундес-лигата

Филип Миркуловски и неговиот тим Вецлар имаа успешен старт на новата сезона во Бундес-лигата, откако попладнево славеа на гостувањето против Гумерсбах со резултат 22-33.

Вецлар доминираше во речиси целиот натпревар, на одмор замина со 14-16, а потоа во вториот дел заигра одлично во одбраната (само шест примени гола за 25 минути игра), што им овозможи на Миркуловски и соиграчите да се радуваат на убедлива победа на почетокот од новата сезона.

Македонскиот репрезентативец постигна само еден погодок на оваа средба, а најефикасен кај Вецлар беше Бјорнсен со осум гола.

Вториот Македонец во Бундес-лигата, Филип Талески, денеска со Некар Левен во рамките на првото коло му гостува на тимот на Лемго.

Се вчитува...