Мирољубиво на дербито Шалке – Дортмунд, триумф на Баерн

Шалке 04 и Борусија Дортмунд одиграа без голови на регионалното дерби, Фрајбург и понатаму е најпријатното изненадување во Бундес-лигата, го потврди тоа и со триумфот (2-1) против Лајпциг, а Баерн Минхен се искачи на врвот со победата (2-1) против Унион Берлин.

Хофлер и Петерсен донесоа триумф за Фрајбург на домашен терен, а овој клуб стигна до 17 бода. Еден повеќе има лидерот Баерн Минхен.

Бенјамин Павар и Роберт Левандовски беа стрелци за баварскиот тим во триумфот од 2-1 против Унион Берлин. Гостите во 58.минута не реализираа пенал преку Андерсон, а вториот удар од белата точка го реализираше Себастијан Полтер во 86.минута.

Се вчитува...