Мироска без место во финалето во скок во далечина на ЕП

Мартина Мироска не успеа да се пласира во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала кое се одржува во Белград, Србија.

Мироска скокна 5.58 метри, што е послабо од нејзиниот најдобар резултат, завршувајќи на тој начин на последното, 17. место во квалификациите во оваа дисциплина. Најдобар скок од 7.03 метри во квалификациите имаше Србинката Ивана Шпановиќ, пред Дарија Клишина со 6.83 метри. Меѓу нив ќе биде и најинтересна борбата за златен медал во утрешното финале.

Претходно, како што е познато, своите настапи на Европското првенство ги заврши и Сашо Голубиќ кој во квалификациите на 60 метри заврши на 24. место од 26 атлетичари.

Се вчитува...