Мирослав Клосе ќе му биде помошник на Флик во Баерн Минхен

Најдобриот голгетер во историјата на Светските првенства Мирослав Клосе добил покана од тренерот на Баерн Минхен Ханси Флик да биде дел од неговиот тим.

Славниот германски фудбалер во моментов ја извршува улогата тренер на тимот до 17 години на Баерн Минхен. Германските медиуми пренесуваат дека тој добил понуда од Флик и се очекува во следниот период да биде соопштено дека тој прифаќа да биде дел од тренерскиот тим на баварскиот гигант. 

Клосе во кариерата настапуваше за Хамбургер, Кајзерслаутерн, Вердер, Баерн Минхен и Лацио, а со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во 2014 година.

Се вчитува...