Мирослав Радуљица потпиша за Црвена Звезда

Поранешниот капитен на српската репрезентација, искусниот центар Мирослав Радуљица е новото засилување на српскиот великан Црвена Звезда. Мирослав Радуљица со Црвена звезда потпиша двегодишен договор, а во тимот со своето огромно искуство треба да донесе стабилност.

Поранешниот центар на ФМП, Анадолу ЕФЕС, Партизан, Милвоки Бакс, Минесота, Панатинаикос, Армани и бројни кинески клубови со тоа ќе ја засили конкуренцијата во црвено-белиот рекет.

Во текот на својата богата кариера, покрај клупските успеси, Мирослав Радуљица со репрезентацијата на Србија освои три сребрени медали на Олимписките игри во 2016 година, Светското првенство во 2014 година и Европското првенство во Полска во 2009 година.

Стефан Јовиќ се уште не е договорен од клубот, иако во текот на вчерашниот ден од Србија дојдоа информации дека и тој веќе се договори со белградскиот клуб. Српскиот великан својата нова сезона ќе ја почне со меч против македонскиот шампион МЗТ Скопје во воведното коло од новата сезона во регионалната АБА лига.

Се вчитува...