Мирсад Јонуз нов тренер на Влазнија Скадар?

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз е пред промоција за нов тренер на Влазнија Скадар, откриваат албанските медиуми. Тој се договорил со раководството да го преземе тимот кој минатата сезона успеа да обезбеди место во елитата, а во новата сезона има големи амбиции. Јонуз треба да пристигне во Скадар на потпис на договорот и да биде промовиран во нов кормилар.

Јонуз последен пат работеше во грчкиот клуб Аигиниакос, а претходно долг период беше селектор на националниот тим на Македонија до 21 година, потоа промовиран и во селектор на А-селекцијата. Работеше и во кипарскиот Неа Саламис, во Работнички и Победа.

 

 

Се вчитува...