Мирсад Јонуз претставен како нов тренер на Влазнија

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз го презеде тимот на албанскиот суперлигаш Влазнија Скадар. Тој денеска и официјално е претставен како нов кормилар на клубот кој има големи амбиции за новата сезона. Генералниот менаџер на Влазнија, Суад Лици, истакна дека Јонуз е искусен стратег кој треба да делува мотивирачки на фудбалерите и да ги оствари очекуваните резултати.

Јонуз претходно работеше во Грција и на Кипар, а во минатото шест години беше селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година, потоа и кормилар на сениорскиот национален тим.

 

Се вчитува...