Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз има нов тренерски ангажман, откако искусниот стручњак ја прифати понудата да седне на клупата на Лирија од Призрен.
Станува збор за косовски прволигаш, тим кој моментно е „фенерџија“ на табелата во ова првенство, а целта на Јонуз е јасна – да се обиде да избори опстанок во елитното друштво.
„Сите заедно можеме да дадеме се од себе. Ги повикувам верните навивачи и целиот град, да го кренеме тимот на Лирија што повисоко“, изјави Јонуз по потписот на договорот, со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Последен ангажман на Мирсад Јонуз беше како шеф на стручниот штаб на Скопје, функција што ја напушти по поразот од Вардар во баражот за Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА