Мируваат мрежите на полувреме на реваншот меѓу Реал и Баерн (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен играат без голови 0-0 во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Првата голема шанса на натпреварот ја имаа домаќините во 13. минута. Прво Винициус Жуниор ја погоди стативата, а потоа од непосредна близина не успеа да реализира ниту Родриго кој биеше во голманот Мануел Нојер.

Гостите првата шанса ја имаа во 28. минута преку Хари Кејн, кој одлично со волеј удар биеше кон голот на домаќините, но Лунин одлично интервенираше.

За потсетувње првиот меч одигран на „Алијанц арената“ во Минхен заврши без победник 2-2.

Real Madrid big chance against Bayern Munich 13′
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...