Мишевски и Кукуловски отпаднаа од репрезентативниот список поради Ковид-19

Од репрезентативниот список за квалификацискиот двомеч со Данска, отпаднаа младите Марко Мишевски и Дејан Кукуловски. И двајцата нема да бидат на овој репрезентативен собир поради позитивен тест на Ковид-19

„Жал ми е што нема да бидат со нас, затоа што сакав посериозно да ја почувствуваат репрезентативната атмосфера, но секако ќе сметаме на нив во иднина. Тие секако знаат дека се и ќе бидат дел од оваа репрезентација“ – истакна новиот македонски селектор, Кире Лазаров.

Се вчитува...