Мишевски: Ќе дадеме се од себе за пак да играме на СП

Одбраната на македонската репрезентација ќе биде засилена за двомечот со Чешка со враќањето на Марко Мишевски. Ракометарот на Вардар ги надмина проблемите поради кои го пропушти првиот бараж двомеч со Романија, овојпат ќе му биде на располагање на селекторот Лазаров.

Многу време за подготовка нема, но Мишевски и соиграчите го користат секој момент за што подобра тактичка подготовка за она што ќе ги очекува нашите ракометари на првиот меч во Злин, што на програмата е в среда.

„Се чувствувам добро, физички и психички сум подготвен да одговорам на поставените задачи. Не чекаат две тешки средби против Чешка, се надеваме на позитивен резултат. Од саботата максимално сме насочени кон подготовка за противникот, правиме видео-анализа, максимално го користиме времето. Чешка е фаворит, но ние ќе дадеме се од себе да се пласираме на тоа Светско првенство, кое ќе биде голема шанса за нас младите, секако и за останати. Веруваме во нашите квалитети, долго време сме заедно, веќе се навикнавме на новиот систем“, изјави Мишевски.

Се вчитува...