Мишевски: Секогаш решава одбраната, така ќе биде и со Австрија

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Марко Мишевски пријатно изненади со добра игра во одбраната на дуелот со Чешка, па се очекува овој млад ракометар да добие значајна улога и на натпреварот против Австрија. Притисокот е огромен, пораз ќе значи крај на првенството за Македонија, но ракометарот на Гренобл е оптимист дека „црвено-жолтите“ ќе дојдат до посакуваниот резултат.

„Секако дека годат комплиментите од селекторот, но тоа е само мотив и обврска за да продолжам во ист ритам. Задоволен сум од својата игра во првото полувреме, вистинска штета е што не успеавме да славиме против Чешка. Сепак, не е се загубено, Австрија е противник што можеме да го добиеме. Според мене, секој натпревар се решава со добра игра во одбраната, така ќе биде и со Австријците, мораме да сториме се за да ги неутрализираме нивните клучни ракометари. Треба да влеземе со мирни глави во тој натпревар и да не дозволиме атмосферата од трибините да влијае врз нас“, изјави Мишевски.

Се вчитува...