Мишко им се закани на Хрватите: Ако ја напуштите АБА…

Најпознатиот кошаркарски агент во регионот, Мишко Ражњатовиќ реагираше на иницијативата на хрватските клубови да ја напуштат регионалната АБА лига.

Хрватската кошаркарска федерација сака клубовите од оваа земја да ја напуштат АБА и да се придружат на ФИБА Лигата на шампионите, Еврокупот или Алпе адрија купот.

По ова следеше рекација на Мишко Ражњатовиќ кој изјави дека веднаш ќе ги повлече своите играчи од овие клубови.

„Потполно е извесно дека ако хрватските екипи не настапуваат во АБА лигата јас ќе дадам се од себе да моите млади клиенти одат во средина во која можат да се развиваат. Тоа е моја обврска“, напиша Ражњатовиќ. 

Се вчитува...