„Мистер милијарда фунти“ утре доаѓа во Скопје

Скопје ќе има можност во следните два дена да ги нагости Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, нивните големи фудбалски ѕвезди, но и првиот менаџер во историјата кој успеал да ја пробие границата од милијарда фунти потрошени на засилувања.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо проби уште една граница во фудбалот и стана првиот човек кој ја надминал магичната граница од милијарда фунти. Славниот Португалец влезе во историјата со последниот трансфер на Ромелу Лукаку, „тежок“ 75 милиони фунти. Мурињо стана првиот менаџер што ја пробил границата од милијарда фунти, а за овој подвиг му беа потребни 17 години колку што трае неговата тренерска кариера.

Но, како што се одвиваат работите на трансфер-пазарот оваа сезона, Мурињо може наскоро да добие друштво во „милијардерскиот клуб“.  Ако Пеп Гвардиола продолжи со ова темпо, може за брзо време да го стигне Мурињо. Шпанецот за девет години колку што е тренер, потрошил 859 милиони фунти, што значи дека неговиот просек по сезона е многу поголем од просекот на Мурињо.

На третото место на вечната листа е Карло Анчелоти кој има подолга тренерска кариера од Мурињо. Италијанецот со тренерската работа се занимава 22 години. Како прв човек на клупата на Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и на Баерн Минхен, Анџелоти има потрошено 970 милиони. Веќе со следниот транфер, ова или наредното лето, и Анчелоти ќе ја помине границата од една милијарда евра.

Се вчитува...