Со денови, целиот свет на тенисот очекува официјалните претставници на “Австралија опен” да се огласат и да дадат официјални детали во врска со првиот Грен слем во сезоната. Бидејќи досега немаше доволно информации, постои нормална нервоза кај играчите во тениските кругови, со оглед на околностите во кои се наоѓаше светот на спортот, вклучително и тенисот, во последната година.
Првите информации велат дека тенисерите ќе започнат да доаѓаат во Австралија најверојатно од 8 јануари, а потоа веднаш ќе бидат сместени во двонеделен карантин. Турнирот требаше да започне на 18 јануари, но тоа сигурно нема да се случи, па затоа треба да се започне најрано на 25 јануари, ако не, тогаш на 1 февруари.
Главната пречка во преговорите меѓу лидерите на “Австралија опен” и Владата на Викторија е долгиот карантин на кој властите инсистираат при доаѓањето во земјата, нешто на што тенисерите веќе гласно реагираа.
Најважно ќе биде турнирот да се одржи, бидејќи во спротивно, тоа ќе им наштети не само на организаторите, кои ќе изгубат многу пари од приходите, туку пред се на тенисерите и оние кои живеат од овој спорт, вака анализираат медиумите од Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА