Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025 откако вечерва загуби на домашен терен од Словенија со 26-32. Конечниот исход е разочарувачки ако се земат во предвид супериорните први дваесетина минути во кои нашата репрезентација имаше шест гола предност, но не успеа да го издржи темпото, а одличниот словенечки состав предводен од Влах и Јанц направи целосен пресврт, на крајот стигнувајќи и до убедлива победа.
Eден од најдобрите во нашиот тим на овој меч Марко Митев даде свој осврт по натпреварот…
„Почнавме многу добро, но на крајот на првото полувреме потфрливме, нешто што не смеевме да го направиме против една силна репрезентација на Словенија. Тие се поквалитетни од нас, но ние ќе се подготвиме за следниот меч и се надеваме дека ќе бидеме подобри. Мораме да одиграме многу подобро во одбраната доколку сакаме позитивен резултат на реваншот“, изјави Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА