Митев: За победата е заслужен целиот тим, не беа важни само моите голови

Марко Митев беше човекот на одлука во нападот на македонската репрезентација, откако младиот бек на Алкалоид храбро ја презеде одговорноста врз себе, постигна неколку гола во серија и ја предводеше серијата со која „црвено-жолтите“ направија пресврт и стигнаа до победа над Турција.

Скромен како и секогаш, Митев во преден план го истакна колективот пред индивидуалниот настап како клучен фактор за триумфот.

„Воопшто не беше лесно да се добие овој натпревар, но во финишот сите заедно собравме сили за победнички печат на пласманот на Европското првенство. Не би рекол дека променивме ништо посебно во играта во тие решавачки минути, беше истата од самиот почеток, едноставно влеговме во ритам и со тоа дојде пресвртот. Мотивот беше голем, бевме максимано сконцентрирани. Во ракометот нема поединци, ме радува што успеав да помогнам во овој триумф, но истиот е заслуга на сите во тимот“, изјави Митев по натпреварот.

Се вчитува...