Митов-Нилсон останува во Шведска – Потпиша договор со Сундсвал

Македонскиот голман Давид Митов Нилсон сезоната ќе ја продолжи во екипата на Сундсвал. Нашиот интернационалец во Сундсвал преминува од Норчепинг. Договорот е во траење од една година, од клубот веруваат дека тој е одличен избор за голманската позиција.

Во моментов новиот тим на поранешниот македонски репрезентативец е во резултатска криза и се наоѓа на претпоследното место во шведското првенство со три бода негатива зад последното место кое носи опстанок и следната година во елитното шведско натпреварување.

Митов-Нилсон забележа еден настап за репрезентацијата на Македонија, на мечот против Белорусија во 2015 година.

Се вчитува...