Митов-Нилсон потпишува за норвешки Сарпсборг

Македонскиот репрезентативен голман Давид Митов-Нилсон својата кариера ја продолжува во норвешкиот прволигаш Сарпсборг 08.

По осум години минати во шведски Норчепинг, 29-годишниот Митов-Нилсон минатата полусезона ја мина во редовите на Сундсвал. Но, само за кратко. По само шест месеци сега се сели во Норвешки, во редовите на Сарпсборг.

Се очекува до крајот на оваа недела и официјално да следи промоцијата на македонскиот голман во дресот на норвешкиот прволигаш, кој досега има запишано и еден настап во дресот на македонската сениорска репрезентација.

Се вчитува...