Митрашиновиќ е прва по асистенции во квалификациите за Евробаскет 2027

Анџелика Митрашиновиќ е лидер на асистентите во првиот дел од првата фаза на евро-квалификациите. Нашата најдобра кошаркарка оствари 29 успешни додавања на овие први три натпревари, односно има просек од 9.7 асистенции по меч, што е најдобар скор во однос на нејзините конкурентки како Клара Холм од Шведска, која има 8.5 односно Сигрид Козар од Австрија која има осум успешни додавања.

Митрашиновиќ воедно е и прва на листата на кошаркарки со најголем број на одиграни минути во првите три средби. Одигра вкупно 113 минути, или во просек по 37.8 минути по натпревар. Засега, е шеста на листата на најкорисни играчи, со просечни 20.7 индексни поени. Таа е една од неколкуте кошаркарки кои остварија по два двојни ефекти (поени и асистенции), на листата на која прва е Израелката Даниел Рабер која има максимални – три.

Освен тоа, Илина Селцова е трета на листата на најдобри реализатори за три поени. Нашиот репрезентативен бек на трите натпревари во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ реализираше со 58.3% на успешност зад линијата 6.75 метри.

Се вчитува...