Митревски бил „лажно позитивен“, со негативни тестови чека зелено светло за Унгарија

Македонските ракометари во Дебрецин се подготвуваат за дуелот со Словенија, а во меѓувреме одлични вести пристигнуваат од Скопје, Никола Митревски не е позитивен на коронавирус и би можел наскоро да им се приклучи на репрезентативните колеги.

Митревски беше позитивен на тестирањето на 10 јануари, но по се изгледа станувало збор за „лажно позитивен резултат“. Репрезентативниот голман по тој тест има направено уште три антиген и еден ПЦР тест и сите покажале дека тој е негативен на коронавирус.

Самиот голман кој пред неколку месеци прележа коронавирус истакна дека не чувствува никакви симптоми, a по серијата негативни резултати сега се очекува тој да добие зелено светло за да се приклучи на репрезентативниот состав во Дебрецин.

Тој дефинитивно го пропушта дуелот со Словенија, но доколку добие дозвола од ЕХФ веднаш би тргнал на пат за Дебрецин, по што би бил во комбинација за вториот меч со Црна Гора што на програмата е в сабота.

Се вчитува...