Митревски блескаше и против Веспрем (ВИДЕО)

Никола Митревски е можеби и најдобрата инвестиција на Еурофарм Работник. Оваа сезона блеска на речиси сите натпревари, и во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Беше на завидно ниво и против Веспрем во големиот триумф (26-24) во Битола. Имаше фантастичнa реакциjа и при одбранетиот седмерец, а мечот го заврши со 12 одбрани.

Се вчитува...