Митревски брани со дрес на Квинтана (ФОТО)

Порто вечерва се среќава со Елверум во првиот натпревар за португалскиот првак по трагичната смрт на Алфредо Квинтана, па сосема очекувано целиот меч е посветен на прерано починатиот голман.

Сите ракометари на Порто на грбот на дресовите го носат името на Квинтана, па тоа е случај и со македонскиот репрезентативец Никола Митревски, кој го загуби големиот пријател и тимски колега.

Алфредо Квинтана имаше срцев удар за време на тренингот на Порто пред повеќе од една седмица, а по неколкудневна борба португалскиот репрезентативец ја загуби најважната битка, завивајќи го во црно светскиот ракомет.

Се вчитува...