Митревски добро го „подбра“ судијата, таму каде што најмногу боли (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски беше еден од најзаслужните за победата на Порто во португалското дерби против Спортинг.

Митревски запиша десет одбрани, главно сите во клучните моменти кога неговиот тим стигна до пресврт.

Но, македонскиот голман на социјалните мрежи е хит и по потегот кој ги насмеа ракометните фанови. Со фудбалска финта успеа да го погоди судијата на мечот, таму каде што најмногу боли.

Се вчитува...