Митревски е оптимист пред реваншот: Се ќе биде поинаку пред 7.000 Македонци

Никола Митревски беше на висина на задачата на дуелот во Злин, со 11 успешни интервенции давајќи сигурност на нашата игра во одбрана. Иако беше забележливо разочарувањето што не стигнавме до триумф во Чешка, во нашиот табор владее оптимизам дека добрата игра во Злин на реваншот во Скопје ќе биде претворена во пласман на СП 2013.

И самиот Митревски, кој е меѓу најискусните во нашиот табор, очекува уште подобро издание од Македонија на дуелот што ќе се игра в недела во „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

„Првите 45 минути од мечот можам да ги оценам како феноменални, пред крајот имавме водсство 20-24, по што не реализиравме неколку напади. Ако дадевме еден два гола од тие акции, верувам дека ќе победевме со најмалку четири гола разлика. Како и да е, мораме да бидеме задоволни бидејќи ако некој ни понудеше реми пред мечот,е прифатевме. Излеговме да се надигрувавме, немавме комплетни информации за противникот кој играше со нов селектор, но мислам дека добро ги затворивме нивните напади. Благодарност до сите кои дојдоа во Злин за да ни дадат поддршка, а очекувам уште поголем ветер во грб од трибините на реваншот во Скопје. Се ќе биде поинаку пред 7.000 Македонци во „Борис Трајковски“, останува да се подготвиме уште подобро за реваншот бидејќи не се сомневам дека и Чесите ќе се обидат да променат нешто во својата игра“, истакнува првиот голман на македонската репрезентација.

Се вчитува...