Митревски: Европското првенство ќе биде нов тежок предизвик за нас

Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски по триумфот над Грција во Струмица истакна дека Македонија го реализирала планот пред стартот на овие квалификации, како првопласирана да замине на ЕП. Во јануари следната година не чека нов предизвик со, како што вели Митревски, нова приказна која посакуваме да биде успешна…

„Одигравме натпревар далеку помудро и поконцентрирано во однос на оној претходниот со Грција, и сосема заслужено дојдовме до победата. Го реализиравме планот за пласман на ЕП. На Европското првенство знаеме дека секој натпревар е приказна за себе. Не чекаат тешки дуели на кои знаеме дека ќе треба добро да се испотиме ако сакаме успех. Во секој случај верувам дека ќе биде нов за нас предизвик и ново искуство без разлика на сите наши претходни постојани учества на собирите на најдобрите“ – вели Митревски.

Се вчитува...