Митревски феноменален – 12 одбрани за едно полувреме

Никола Митревски брани извонредно во првото полувреме од дуелот меѓу Алборг и Порто, на кој данскиот првак има минимална предност од 12-11, во обид да стигне до триумф од најмалку четири гола за да се пласира во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Македонецот блеска на голот на Порто и во првиот дел веќе собра дури 12 успешни интервенции, одржувајќи ги Португалците со активен резултат.

Митревски почна во топ-ритам од самиот почеток, бранејќи две топки во рок од само неколку секунди, форма со која продолжи до крајот на полувремето.

Се вчитува...