Ристовски го „измери“ Илиев и донесе триумф на Нитра

Мак-дербито во словачкиот шампионат меѓу Серед и Нитра заврши со триумф на гостинскиот тим од 0-1, а човек на одлука беше нашиот младински репрезентативец Милан Ристовски.

Тој ја презеде одговорноста во 72. минута и маестрално реализираше еден слободен удар, матирајќи го голманот Дени Илиев, за огромна радост на својот тим.

За Ристовски ова беше осми овосезонски погодок, со што тој е втор најдобар стрелец  во шампионатот на Словачка.

Се вчитува...